
Ракометарите на Вардар облечени во маици и со шалови и други навивачки реквизити од трибините во СЦ. „Јане Сандански“ ги повикаа своите навивачи да ги поддржат на дербито.
Според сајтот на кој се продаваат влезници за дербито, има уште голем број достапни карти, но за очекување е во текот на денешниот и утрешниот ден да се продадат голем број.
Од друга страна свое присуство најавија и навивачите на РК Еурофарм Пелистер популарните „Чкембари“ кои спремаат зелено-бел конвој за Скопје.