Вардар вечерва немаше друг избор и од првата минута тргна отворено, со цел што побрзо да се приближи до потребната разлика. Во таа намера зад себе имаше преку 5 илјади навивачи кои седум дена претходно веруваа во подвиг.
Игор Карачиќ и Сергеј Горбок со погодоци го отворија резултатот, за прав делириум во Јане Сандански. На Висла Плок ѝ требаше дури седум минути да се совземе од пеколната атмосфера, а токму тогаш Немања Зеленовиќ со два гола израмни на 3:3.
Поддршката не изостануваше и на истекот од 11. минута со третиот гол на Сергеј Горбок, Вардар повторно се одлепи на два гола предност. Инаку, гостите од Висла имаа поддршка од 70-ина навивачи, кои во Скопје допатуваа во организација на нивниот клуб, но не се слушнаа ниту еднаш затоа што во Јане вриеше како во котел.
Следуваше еден од најубавите моменти на средбата, кога со цепелинот на Игор Карачиќ, Вардар за прв пат стигна до три голови предност, а тоа значеше и цела сала на нозе. Полјаците сфатија каде дошле во 19. минута кога по голот на Сергеј Горбок настана заглушувачка атмосфера во салата при секој нивен напад.
Сергеј Горбок го играше можеби и најдобриот натпревар откако е во црвено-црниот дрес, а доказ за тоа се седумте голови до 28-та минута. Вардар тогаш стигна на пет голови позитива, но Полјаците до крајот на полувремето намалија на 14:10.
Вториот дел започна како од соништата за Вардар и за преку 5-илјадната публика во Јане Сандански. Алекс Душебаев со два гола едно по друго на Вардар му ја донесе потребната разлика 16:10. Во тие моменти се разбуди и Арпад Штербик, кој со 8 одбрани беше нерешлива енигма за бековите на Висла.
Со голот на Тимур Дибиров на пред крајот, Вардар поведе 18:11 и со една нога веќе беше во следната фаза од Лигата на шампионите. Висла Плок не реализираше три напади по ред, што дополнително го изнервира гостинскиот терен кој во 3
Општо лудило во салата настана во 42. минута, кога Дибиров зголеми на 8+, а веднаш потоа и Алекс Душебаев со шестиот гол го однесе Вардар на највисоки 9 голови предност (20:11).
Вардаровите играчи рутински ја одржуваа предноста до крајот, а публиката уживаше во мајсториите на Алекс Душебаев, Карачиќ, Тоскиќ и Штербик.
На крајот, конечни 31:20 за Вардар кој го направи можеби најголемото изненадување во овогодинешната Лига на шампиони. Најефикасни во редовите на Вардар беа Алекс Душебаев со девет голови, Сергеј Горбок со осум и Игор Карачиќ со седум погодоци. Фантастична вечер имаше и Арпад Штербик со 14 одбрани.