Таг: висла плок

Ракометна утка на векот на еден од најдобрите десни крила во светот

Во фудбал се случува, ама за ракомет ова е нетипично промашување на празен гол и тоа на Аркадиуш Морито од Кјелце, кој ваква шанса со заврзани раце треба да ја реализира. За ужасот да биде поголем, Кјелце како владетел во полскиот ракомет, загуби дома од Висла Плоцк со 28:29 и ова им е замислете прв пораз на домашен терен во првенство по 2011-та или после серија од 189 меча.

Европскиот шампион Вардар со триумф ја почна Лига на шампиони

Избраниците на Раул Гонзалес победнички го заокружија гостувањето во полски Плок каде славеа против Висла 22-26 (9-13).

Сите голови на големиот борец Алем Тоскиќ

Безидејноста на Вардаровите играчи синоќа ги присилуваше кога е најтешко топката да му ја дадат на ветеранот Тоскиќ, кој буквално сам се бореше со цела противничка одбрана и во таква ситуација даде 8 голови. Србинот од следната сезона ќе настапува за словенечкиот тим Горење.

Вардар преку драма во четвртфиналето од Лигата на шампионите!

Два црвени картони, врвен ракомет, многу промени во резултатот, ерупција во Јане Сандански и Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите е епилогот на вечерашниот реванш против Висла Плок.

Раул Гонзалес: Спремни сме, ако треба Стоилов ќе игра и лев бек

Вардар во сабота од 18:00 часот го игра реваншот против полската Висла Плоцк, екипа која се извлече на првиот дуел по водството на Скопјани од четири голови разлика на четири минути пред крајот и ремизираше 30:30.

Вардар до одличен резултат во Полска пред реваншот

Во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Вардар имаше четири голови предност на три минути пред крајот, но Висла Плок успеа да дојде до реми 30:30, резултат кој му дава големи шанси на Вардар за четвртфинале.

Вардар и сè е можно, Висла прегазена со 11 разлика во Скопје

21-ви март 2015 година ќе биде запаметен како еден од најсветлите датуми во македонскиот клупски ракомет. По високиот пораз од шест голови разлика во Полска, Вардар направи неверојатен подвиг во реваншот во Скопје, ја совлада Висла со 31:20 и обезбеди пласман во четвртфиналето.

Вардар верува во чудо против Висла Плок

Ракометарите на Вардар во сабота од 20:15 го играат реваншот со Висла Плок, на кој ќе мора да бркаат негатива од шест голови. Раул Гонзалес вели дека неделава малку зборувале, а многу работеле на исправување на грешките.

Висла длабока за ракометарите на Вардар, убедлив пораз во Полска

Во првиот натпревар од осминафиналето на ЛШ, ракометарите на Вардар загубија на гостувањето во Полска 32:26. Реваншот е во Скопје за седум дена, а Вардар ќе има мошне тешка задача да јa надомести негaтивaтa.

Висла нема четвртфинале во ЛШ, па нека ја продолжи традицијата

Денешната ждрепка во Виена, нашиот најпосакуваниот противник Данкерк му го однесе на ПСЖ, а Загреб се падна со Колдинг. Но Столе Стоилов смета дека ако го репризираат изданието против Рајн Некар, не им бега нов пласман во топ 8.