Двајцата унгарски судии Адам Биро и Оливер Киш се консултираа со ВАР, ја прегледуваа акцијата на екранот и оправдано пресудија дека голот не е важечки. Гисласон ја притиснал сирената за тајм-аут секунда пред топката да ја премине гол линијата во целост.
„Секако, преземам целосна одговорност за тоа. Погрешно ја проценив ситуацијата. Сакав да земам тајм-аут додека бевме во полн налет. Не видов дека Јури пројде“, го објаснил својот гаф Алфред Гисласон селекторот на Германија.