
Собирот на ракометни ѕвезди од Македонија и Европа ќе се случи по повод прославата на 20 години Спортско радио 90,3 ФМ.
Овој уникатен настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од изминатите децении: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев.
Покрај домашните легенди, на настанот поканети се и очекуваме учество на интернационални ѕвезди кои оставија неизбришлива трага во европскиот и светскиот ракомет: Арпад Штербик, Жоао Кањелас, Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ, Тимур Дибиров, Глеб Каралаш, Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Даниил Шишкарев, Ивано Балиќ, Мирза Шариќ, Вуко Борозан, Домагој Дувњак, Кристијан Дисингер и др.
Селектори и судии:
Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Ристо Магдинчев, Марјан и Драган Начевски, Горѓи Начевски - Славе Николов, Силвана Карбеска – Марија Илиева...
Присуството на овие имиња гарантира спектакл кој ќе ја врати магијата на спортот, ќе ја обедини публиката и ќе донесе незаборавни моменти што ќе останат врежани во спортската историја на Македонија.