
Нашата репрезентација на извелкувањето во Варшава се најде во вториот шешир и не можеше да биде извлечено во комбинација со Исланд, Германија, Русија, Шведска, Белорусија и Норвешка.
Од најсилната конкуренција во првиот шешир ја добивме репрезентацијата на Франција, а ќе се сретнеме и со помалку посакуваните противници од пониските барабани, Чешка и Швајцарија.
На Европското првенство ќе се пласираат двете најдобри од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација.
Квалификациите ќе се играат од октомври 2014-та до јуни следната година, а Европското првенство во Полска ќе се одржи од 15 до 31 јануари во 2016-та година.
Група 1: Хрватска, Норвешка, Холандија, Турција
Група 2: Данска, Белорусија, Литванија, БиХ
Група 3: Словенија, Шведска, Словачка, Летонија
Група 4: Србија, Исланд, Црна Гора, Израел
Група 5: Унгарија, Русија, Португалија, Украина
Група 6: Франција, МАКЕДОНИЈА, Чешка, Швајцарија
Група 7: Шпанија, Германија, Австрија, Финска