Македонија е дел од Ф групата каде ќе се соочи со силната Норвешка на која амбициите им се секогаш освојување на медал и со Холандија и Аргентина, кои се во подем и против кои нема да биде лесно.
Група А (Краков): Шпанија, Црна Гора, Чиле, Иран
Група Б (Катовице): Франција, Полска, Саудиска Арабија, Словенија
Група Ц (Гетеборг): Шведска, Бразил, Африка 2, Уругвај
Група Д (Јончепинг): Исланд, Португалија, Унгарија, Кореја
Група Е (Катовице): Германија, Катар, Србија, Африка 5
Група Ф (Краков): Норвешка, Македонија, Аргентина, Холандија
Група Г (Кристијанштад): Африка 1, Хрватска, Африка 3, САД
Група Х (Малме): Данска, Белгија, Бахреин, Африка 4
Првите три селекции од сите групи одат во следната фаза, каде што се пренесуваат бодови и се вкрстува со три репрезентации од друга група.
Ако Македонија ја мине групата ќе вкрсти со групата Е, каде што се Германија, Катар, Србија и петторангирана африканска селекција.
Вторпат во историјата Мундијалот ќе се одржи со 32 земји учеснички, а титулата ја брани Данска.