Маестралниот гол во финишот за триумф на Србија над Германија

Репрезентацијата на Србија го направи најголемото изненадување на Европското првенство 2026 откако убедливо после голем пресврт ја совлада силната Германија. Србија имаше -4 заостаток на полувреме (13-17), а на крајот славеше 30-27.

Дваесет и две годишниот најдобар српски ракометар во моментов, Стефан Додиќ беше јунак на мечот и заслужено прогласен за играч на натпреварот.

Тој беше автор на акцијата после која ракометарот на Охрид Дарко Ѓукиќ го постигна најубавиот и последниот гол на дуелот за да ја запечати историската победа на Србија:

Одличниот Стефан Додиќ поголем дел од својата кариера мина во Македонија, во Металург, во РК Ааеродром, во Охрид и во Вардар. Играше уште и во Загреб, во Цеље а сега е во Војводина.

Најефикасни кај Србија беа Урош Којадиновиќ со 6 гола и Вукашин Воркапиќ исто со 6 погодоци. Кај Германците по 6 гола имаа Миро Шлуроф и Ренарс Ушчинс. Кај голманите, Дејан Милосављев запоша 12 одбрани, Давид Спат имаше 7 одбрани а Андреас Волф само 4.

На Србија сега и претстои дуел со незгодната Австрија во последно коло, а Германија ќе игра мега дерби за пласман во следна рунда против Шпанците.

Standings provided by Sofascore
18 јануари 2026 - 07:51