Тренерот на Пролет, Александар Јовиќ почина ненадејно на 51 годишна возраст, дента кога нашите ракометарите се подготвуваа за битката против Унгарија.
Милан Лазаревски изјави дека голем дел од репрезентативците тренирале со него.
„Овој резултат сакам да го посветам на прерано починатиот Александар Јовиќ, кој што не само на мене, туку и на голем дел од овие играчи кои што поминале низ школата на Металург и во младинските селекции на Македонија имале прилика да соработуваат со него. Навистина не погоди веста и можеби не чуваше и тој на денешниот натпревар, одигравме и за него“, рече Лазаревски по мечот.
„Не е спорно дека можевме да дојдеме до победа, но можеби овој резултат е реален со оглед на тоа дека станува за збор за исклучително квалитетен противник. Секако дека ќе беше идеално да победиме, но не можеме да биде незадоволни. Бевме мотивирани на високо ниво“.
Вториот натпревар на Македонија е против Холандија во петок со почеток од 18 часот.