Французите одиграа безпрекорен натпревар и беа подобри во сите сегменти во играта од европскиот шампион кој во ниту еден момент не успеа да внесе неизвесност на финалниот меч во Хернинг.
Стартот на натпреварот беше најава за дебаклот на Данците кои по 8 минути игра имаа негатива од 7:2. Големиот шок за домашната публика пристигна во 17 минута кога Французите направија огромно водство од 13:4.
Високата предност на Олимпискиот шампион траеше на целиот меч, а на полувремето беше 23:16. Највисокото водство за Французите изнесуваше -11, а немоќните домаќини делуваа индиспонирано и не успеа да го спуштат под 6 гола разлика.
Третата европска титула за Француската репрезентација ќе биде запаметена како најефикасен финален натпревар за една селекција која успеала да постигне 41 гол во едно финале.
Најзаслужни за триумфот на Франција беа Гигу со 10, Порт со 9 и Абало со 7 погодоци, додека кај Данците најпрецизен беше Хансен со 9 голови.
Натпреварот за третото место беше далеку понеизвесен, а селекцијата на Шпанија беше подобра од Хрватска со 29:28. По трите сребрени медали „Црвената фурија" стигна до првиот бронзен медал на континенталните собири.
Најефикасни во таборот на актуелниот светски првак беше Канељас со 8 и Агинагалде со 7 погодици. Најпрецизен кај Хрватите беше Дувњак со 8 голови.