На култниот „Филипс Стадион“ во Ајндховен дискретно светло гореше од илјадници свеќи на трибините.
Оваа убава акција е инцијатива на официјалниот фан клуб на ПСВ. Акцијата #EEUWIGLICHT („Вечен пламен“) ја соопштиле на почетокот на декември. Секој навивач можел за 2,50 евра да има запалена свеќа на стадионот.
„Ни забранија посета на натпреварите на нашиот сакан ПСВ. Секако, здравјето на секој човек е пред се друго. Фудбалот буквално стана најважната споредна работа во животот“.
PSV-supporters eren - met een kaarsje in een zelf gekozen vak op de tribunes in het Philips Stadion - in 2020 overleden dierbaren ❤️🕯️#psvvvv begint om 20.00 uur. Volg de eredivisie via ons liveblog → https://t.co/a880u6KvVm pic.twitter.com/ZWeEGbj5Hu
— NOS Sport (@NOSsport) December 22, 2020
За жал годинава и многу навивачи на ПСВ изгубија свои драги луѓе. Се простивме со поранешниот претседател на клубот Хендрикус ван Рај. Сакаме на последниот домашен меч годинава да му оддадеме почит на Ван Рај и на сите блиски кои починаа годинава.
Можете да поставите свеќа и така да ги поддржите своите пријатели со надеж за подобри времиња“, пишувало во соопштението на клубот.
Во Холандија повторно има жаришта на вирусот: неделно околу 10.000 позитивни случаи, а досега вкупно од почетокот на пандемијата имало 700.000 заразени и околу 10.000 починати.
Пролетта кога почна пандемијата холандската лига беше прва која прогласи крај на првенството (ПСВ беше еден од најгласните заговарачи на прекин на фудбалот).
На почетокот на неделата земјата затвори сообраќај со Јужна Африка и Велика Британија каде беа откриени нови мутации на вирусот.
Акцијата на ПСВ убаво ја прифатиле сите навивачи и резултатот (победа 4:1) останал во втор план.
Achter de schermen zijn we druk bezig met het verwerken van de aanmeldingen en alles klaar te maken voor aanstaande dinsdag.
— Supportersvereniging PSV (@supverpsv) December 19, 2020
Mogen we namens jou ook 𝐞𝐞𝐧 𝐥𝐢𝐜𝐡𝐭𝐣𝐞 𝐨𝐩𝐬𝐭𝐞𝐤𝐞𝐧🕯?
Dan kun je deze bestellen via:
🔗 https://t.co/n0uyUpjwTa#EEUWIGLICHT pic.twitter.com/H4jTE4TsAR