- Во едно поопширно интервју, новиот италијански шампион со Наполи, 32-годишниот искусен центарфор Ромелу Лукаку зборувал на разни теми. Кажал како го убедил Кевин Де Брујне да дојде од Манчестер Сити во Наполи, зборувал за репрезентативна пензија после Светското 2026 итн.
- Белгиецот ги советувал и фудбалските функционери, да земат пример од НБА, за да се избегне големиот број повреди.
- „Дајте им на сите после сезоната задолжителен одмор од 6 недели, како во НБА, а после 4 недели за подготовка. Ние трчаме по петнаесет километри по натпревари, уште и со висок интензитет и тоа премногу го истоштува телото“, вели Лукаку кој е уште еден од низата фудбалери кои пекаат за повеќе одмор во календарот на ФИФА и УЕФА.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.