Epa Images
- Триесет и седум годишниот германски тренер Оле Вернер е нов предводник на бундеслигашот РБ Лајпциг кој долго време беше во потрага по нов тренер.
- Вернер од 2021-ва до скоро го водеше Вердер Бремен со кого одбил да потпише нов договор во мај па добил отказ. Сега добил понуда од богатиот Ред Бул Лајпциг и ја прифатил но тимот од источна Германија ќе мора да плати 2 милиони евра за откуп на договорот.
- Вернер кратко играл фудбал во Холштен Кил каде и ја започнал тренерската кариера. Сега добива 2-годишен договор со РБ Лајцпиг до крајот на сезоната 2026/2027. Екипата за првпат од 2016-та кога влезе во Бундеслига нема да игра во еврокупови зошто заврши на 7-мо место на табела кое не води никаде.
- Во меѓувреме италијанските медиуми пишуваат дека Торино нема намера да го откупи договорот на Елиф Елмас иако имаа опција позајмица плус откуп зошто им бил прескап (околу 17 милиони евра). Македонскиот репрезентативец наводно имал понуди од Премиер лига и Лајпциг чека да види разврска на ситуацијата.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.