Рајо Ваљекано е забавен клуб со интересни навивачи. Екипата на нашиот Столе Димитриевски од година во година игра речиси исто: ќе ги победи Барселона и Реал Мадрид, ќе биде при самиот врв неколку кола и после ќе им почне падот. Сега имаат четири порази на последните седум меча и се на 11-то место на табелата. Навивачите од групата „Буканерос“ кои важат за тврди левичари на синоќешниот меч со Валенсија извадиле убава утешителна парола.
„Анксиозноста е дел од нашето маало, зборувај, тука никој не е сам“, стои на паролите кренати од навивачите кои укажуваат на тоа секој што пати од оваа состојба да разговара со другите отворено и да се олесни.