Дедото од мал го носел внукот Чарли на натпревари на Манчестер Сити и му ја пренел љубовта кон овој клуб кој порано важеше за скромен а сега е трофеен гигант од светски размери.
„Беше емотивен ден, имаме прекрасен однос, тој е мојата права врска со Сити и ова беше некој мој начин да му се оддолжам. Во кола на пат (кон стадионот) почна да заборава, не можеше да се сети на моето име, па само ми ја држеше раката, но како стигнавме до Етихад стадионот, се насмевна. Бев загрижен да не е премногу сево ова за него, но кога влезе на стадион како да му се освежија сеќавања.
Се симнавме и на терен да славиме титула иако не смеевме, тоа ја направи приказната уште попосебна“.
Дедо Бери дури и запеал некоја позната навивачка песна со навивачите на Сити.
Прочитајте уште и:
Како на филм: Драма до последен момент, Манчестер Сити ја освои шампионската титула
Солзи на Пеп Гвардиола, инвазија на терен и луда прослава на титула
Лажната тревога која направи зафрканција со цел стадион на Ливерпул