Коефицентот при уплата бил огромен, па Тања можела да заработи астрономски 367.200 фунти ако „црвените“ на Јирген Клоп го освоеа секој турнир каде што играа.
По триумфот на Ливерпул во Лига Купот и ФА Купот на Англија, и со пласманот во големото финале на Лига на шампиони, имаа само 1 бод негатива на табелата во Премиер лига зад првиот Манчестер Сити.
Интересно (на многумина и позната работа), на Тања ова ѝ било прва опклада во животот па за малку не ја погледала почетничка среќа.
„Имав чувство дека Ливерпул може да го направи тоа и дека треба да се случи нешто големо. Имав спор со другарите, они исто се кладеа на тоа, па решив и јас да ризикувам“, рекла навивачката на Ливерпул.
Букмејкерската компанија каде Тања Хенли го уплатила тикетот, ја контактирала и ѝ предложила cash out, поточно можност да заработи гарантирана сума ако се откаже од тикетот. Првата понуда гласела 22.712 фунти а девојката одбила.
Во неделата кога се одигра големата историска драма во последно коло на Премиер, понудата пораснала на 35.000 фунти и Тања пак одбила.
На 20 минути до крајот на натпреварите, Манчестер Сити губеше 0:2, а Ливерпул имаше 1:1 со Вулверхемптон дома и фалеше само уште еден гол за „црвените“ да се искачат на прво место. Тогаш од кладилницата ѝ се јавиле и ѝ понудиле неверојатни 95.000 фунти за да се откаже!
Таа верувала дека е близу сонот Ливерпул да ја освои и титулата и да го продолжи патот до неверојатниот квадрипул. А веруваа и сите кои ги следеа преносите од двата натпревари.
Но се случи тоа што се случи, знаете дека Манчестер Сити направи спектакуларен пресврт, за пет ипол минути даде три гола, победи 3:2 и им донесе еуфорична прослава на титула на илјадници свои навивачи на стадионот „Етихад“.
Паралелно, во Ливерпул тагуваа што Астон Вила не успеа да го сочува водството во последните 15 минути и да им донесе надреална титула. А хероината на приказнава Тања? Таа на крајот добила 100 фунти назад од уплатата, наместо 95.000 фунти колку што одбила.