Ентузијазам до небо во домот на Интер. Како што соопштија од клубот, веќе се продадени и резервирани сите 40.000 сезонски влезници за новата сезона 2019/2020. И тоа за само неколку часа откако почна слободната продажба.
Интер преку соопштение објави дека е затворена продажбата на сезонски карти. Минатата сезона Интер беше најгледаниот клуб во Серија А, особено што на домашен терен во просек имаше по 60.000 гледачи на „Џузепе Меаца“.
Со доаѓањето на Антонио Конте, како и веќе завршениот трансфер на фантастичниот Австриец Лаѕаро кој направи дар-мар во квалификацискиот дуел со Македонија неодамна на „Тоше Проески Арената“, Интер уште малку ги подгреа надежите на тифозите дека оваа сезона „е таа правата“.
📣 | SOLD OUT!
— Inter (@Inter) June 27, 2019
🎫 Abbonamenti 2019-2020: esauriti!
📑 Aperta la waiting list per il 2020-2021
Iscriviti qui 👉 https://t.co/ycAcsZnO7l
На големо се пишува за евентуален трансфер на Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед, со што „нераѕурите“ би имале многу сериозен состав.
Поради големиот интерес за карти, Интер првпат во својата историја реши да отвори „листа на чекање“ за сезоната 2020/2021, за сите оние кои сакаат да си завршат работа не за оваа, туку за другата сезона догодина.