Министерството за здравство отвори нов систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава, со кој очекува да се воведе ред и да се намали бројот на операции преку врски.
„Листата на закажани операции од денес е јавно достапна и пациентите ќе имаат увид колку луѓе за операција има пред нив во секоја болница и кај секој хирург“, изјави министерот Азир Алиу. Порталот може да се отвори тука.
Лекарите досега имаа обврска операциите да ги евидентираат во системот Мој термин со издавање упат за операција, но анализата на состојбата во 2025 година покажала дека во системот биле внесени 34.862 операции помалку отколку што направиле болниците.
Упатите не биле издавани веднаш при утврдување на потребата за операција туку пред самата интервенција, некои болници и лекари користеле друг тип на упат, лекари воделе листи во хартиена форма и листите на чекање не биле редовно прочистувани. Тоа создава неточна перцепција за времето на чекање на пациентите.
Алиу очекува со новиот систем значително да се намали бројот на операции со врски. „Со ова ќе може да се намали, не сум сигурен дека ќе може да се отстрани целосно, практиката ‘знам некого па ќе одам пред листата на чекање’... Ова ни беше многу битно и мора да почнеме од некаде“, изјави министерот Алиу.
Бугарија е на пат да забележи историски најниска излезност на првиот круг од претседателските избори. Според последниот официјален пресек на Централната изборна комисија, до 16 часот гласале само 16,04 отсто од избирачите.
Според две од трите мерења, до два часа пред затворањето на избирачките места гласал само секој петти избирач.
На претседателските избори во 2021 година во истиот период излезноста била 24,12 отсто, односно за повеќе од 8 процентни поени повисока.
Во 1992 година, на првите демократски претседателски избори, излегле 75,39 отсто од избирачите, во 1996 година 63,14 отсто, а во 2001 година 41,63 отсто. Досега ниту еден прв круг не паднал под 40 отсто.
Излезноста на парламентарните избори во Србија во часовите по отворањето на избирачките места е двојно поголема од онаа на претходните избори во 2003 година. За гласање се прават километарски колони.
За 250 пратенички места во Народното собрание се натпреваруваат 18 изборни листи, од кои девет се малцински. Право на глас имаат нешто повеќе од 6,45 милиони избирачи.
Главната битка е меѓу владеачката Српска народна странка чија листа ја предводи Александар Вучиќ и Студентската листа, изнедрена по долготрајните блокади и протести иницирани од падот на настрешницата во Нови Сад,
За постизборната ситуација и комбинации не помалку важно е дали и кои други партии ќе го преминат цензусот. Таа дилема важи главно за Социјалистите на Ивица Дачиќ, Автентичната десница на Милош Јовановиќ и Европската листа (Здравко Понош, Мариника Тепиќ, Ѓилас...).
Резултатите се неизвесни но уште поголема неизвесност и несигорност создава прашањето дали тие ќе бидат признати од страната која ќе изгуби, во атмосфера во која српското политичко тело е полазирано како никогаш досега.