- Во швајцарската банка Credit Suisse се откриени 890 тајни сметки поврзани со нацистичкиот режим на Адолф Хитлер од времето на Втората светска војна.
- Меѓу сопствениците се германското Министерство за надворешни работи, озлогласените паравоени единици СС и компанија за производство на оружје.
- Истрагата ја водел американскиот адвокат Нил Барофски, ангажиран од банката УБС, која ја купи Credit Suisse во 2023 година. Тој не наведе вкупна ниту поединечна сума пари што се чуваат на сметките.
- Барофски забележува дека банката била поврзана со шема што им помагала на нацисти да избегаат во Аргентина за да избегнат одмазда или суд за воени злосторства. И аргентинските власти користеле сметка во банката во сума од денешни 17 милиони швајцарски франци заради давање мито на европски службеници.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.