Рожерс Мато веќе неколку дена е нов член на легендарниот клуб од Единбург. Тој играше прво на Купот на Афрички нации во Мароко каде постигна 1 гол на 3 натпревари во групна фаза, па оттаму се пресели во Хартс. Трансфер сагата траеше неколку недели.
Вардар прво дал зелено светло за трансфер во Шкотска па потоа прифатил и висока понуда од Канзас Сити од САД. На крај заврши во Хартс како позајмен играч до крајот на сезоната кога му истекува договорот со Вардар и ќе потпише со Хартс кој ќе го откупи договорот.
Го одбрал бројот 74 откако дознал дека клубот е основан во 1874-та година.

Тој сега за британски Дејли Рекорд раскажал дека не било точно дека тој исчезнал по настапот на Купот на Африкански нации како што тврдеше Вардар.
„Знаев дека во мојата земја (Уганда) имаше избори и дека интернетот беше исклучен, така што беше тешко да стапам во контакт со мојот агент, со тренерот таму и со клубот таму (Вардар). Мислам дека тоа беше проблемот“, рекол Мато за Дејли Рекорд.
И покрај големиот интерес од клубови од Шпанија како и од турски Трабзонспор, Мато останал посветен на желбата да игра само за Хартс.

„Немаше опција само за Америка. Моите профили на друштвените мрежи се блокираа, на телефон бев постојано... Пробав да добијам тројца, четворица менаџер, агенти да прашам за мојата ситуација. Мојот фокус беше на Хартс. Да и Канзас беше во игра но фокусот ми беше овде“, вели Мато.
Настана тензија зошто и Вардар сакаше заслужено да заработи од ситуациајта.
✍️ We are delighted to announce the signing of Rogers Mato.
— Heart of Midlothian FC (@JamTarts) January 29, 2026
Joining on an initial loan deal from Vardar until the end of the season, Rogers' three-year contract with the Jambos will then begin in July.
Welcome to Hearts, Rogers! 🇱🇻
ℹ️➡️ https://t.co/riJ4fGGdEJ pic.twitter.com/cqc7F9FvUt
„Мораше да има галама, секој имаше свои размислувања. Поенкогаш кога правиш некои нешта треба да бидеш тивок. Ако влезеш во конфликт ќе ескалира, но ако си тивок и мирен, ќе биде добро. Таму имаше галама, но конечно сме тука и спремен сум“, вели Мато кој даде 15 гола на 17 натпревари за Вардар.

„Среќен сум тука. Бев добродојден топло од стручниот штаб, од тренерот, од шефовите и од играчите секако. Бев презадоволен од соиграчите најмногу зошто кога влегуваш во соблекувална, не се чувствував како новајлија. Туку како да сум одамна тука. Како семејство сме“.
На прашањето за неговата иднина, Мато сака прво да се докаже и покаже во Шкотска.
„Јас сум фудбалер во Шкотска и имам соништа, идни планови. Од овде е близу Премиер лигата. Му се молам само на Бога и се молам за моите соиграчи и мојот менаџер да имаме прекрасна сезона“.

Рожерс Мато ја започнал кариерата во тимот Пролин во неговата родна Уганда, потоа играл за Кампала Капитал Сити од каде преминал во турски Шанлиурфаспор. Во Брера Струмица дојде во февруари 2024-та за 100.000 евра а потоа во Вардар за истата сума. Црвено-црните ќе заработат повеќекратно од неговиот трансфер во Хартс.
That was sweet from Rogers Mato.#UGAMOZ | #2026WCQ pic.twitter.com/b6TNO17rzT
— FUFA Tv (@fufatv1) September 5, 2025
Напаѓачот веќе дебитираше за Хартс и тоа на 31-ви јануари кога во 82' минута влезе од клупата за резрви наместо Александро Кизиридис во победата 0-3 над Данди Јунајтед за кого на тој меч играше Кристијан Трапановски кој играше од почеток но беше сменет на полвуреме.