- Церемонијата на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз е закажана на 26 јули во 19:30 часот. Наместо традиционалната церемонија која досега се одржуваше на стадион, Франција планира шесткилометарска парада на реката Сена, која ќе заврши кај Ајфеловата кула.
- Игрите ќе се одржат на 35 локации низ Париз, регионот Ил-де Франс, континентална Франција и прекуокеанските територии. Некои значајни места за спортските натпревари ќе бидат стадионот кај Ајфеловата кула (одбојка на песок), Паркот на принцовите (фудбал), стадионот на Ролан Гарос (бокс и тенис), „Стад де Франс“ (атлетика и рагби)…
- Околу 45 000 полицајци и припадници на безбедносните сили ќе го обезбедуваат главниот град на Франција за време на Игрите. Ќе имаат и дополнителна помош од неколку илјади странски безбедносни службеници. 35 000 безбедносни агенти и војници ќе го обезбедуваат свеченото отворање од безбедносни закани, вклучително и од напади со беспилотни летала.
- Францускиот претседател Емануел Макрон во април изјави дека подготвиле алтернативи за одржување на церемонијата за отворање на Олимпијадата на Сена, доколку тоа го налагаат безбедносните околности.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.