- 23-годишниот центарфор Трој Перот беше јунак на квалификациите на Република Ирска. Прво со 2 гола ја скроти силната Португалија со Кристијано Роналдо, а после само неколку дена на гости во Унгарија даде хет-трик, три гола од кои еден во 90+6' минута за победа 2:3 и пласман во баражот за Светско првенство.
- Цела Ирска наздравувала во негово име деновиве, а по него сега е наречен и шарениот папагал во една зоолошка градина во Даблин.
- На англиски parrot значи папагал па оттука асоцијацијата со презимето Parrott на одличниот напаѓач на фудбалската репрезентација на Ирска.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.