- Катарската фудбалска федерација по трет пат имала јуришен обид да го ангажира селекторот на Хрватска Златко Далиќ да ја предводи нивната репрезентација.
- Далиќ кој веќе неколку години со огромен успех ги води „коцкестите“, добил понуда која тешко се одбива и која, барем за сега, ја одбил. Хрватскиот селектор имал на маса раскошна понуда од, наводно, повеќе од 10 милиони евра годишно, можел да биде селектор на сите возрасни категории на Катар и да води комплетна грижа за тамошниот фудбалски систем.
- Тој можел да го донесе целиот свој стручен штаб од Хрватска, да ги бира своите помошници, тренери, физиотерапевти и сè останато. Далиќ бил и во Доха, разговарал со Катарците но на крајот наводно одбил, пренесува Јутарњи лист.
- Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, стана првиот Македонец кој успешно ја заврши престижната Harvard & EFC Executive Leadership Programme (ELP), една од водечките програми за развој на лидери во светот на спортот, под покровителство на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и ЕФЦ.
- Ненад е првиот Македонец кој во областа на спортскиот менаџмент достигнува вакво ниво на образование и професионално усовршување на Харвард, една од најпрестижните универзитети во светот.
- Ова достигнување е резултат на неговата посветеност, визија и континуирано вложување во развојот на професионализмот и лидерството во спортот.
- Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.
- Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски.
- Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.