- Босанско-херцеговскиот портал СОП.ба пишува а хрватски Вечерњи лист пренесува дека некогашниот алфа&омега на Динамо Загреб кој од „модрите“ направи шампионски хегемон кој долги години владее во Хрватска, сега после долга пауза од фудбалот, планира да се врати.
- Здравко Мамиќ наводно, пишуваат во БиХ, е сериозно заинтересиран за влез во ФК Сараево, еден од потрофејните клубови во Босна и Херцеговина.
- Сараево во моментов е на трето место во првенството на БиХ и држи позиција која води во квалификации за Лига на Конференции. Сараево во својата историја има четири шампионски титули во БиХ и пет Купа. Сезонава се на прагот на шести трофеј во Купот откако во првиот меч од финалето кое се игра со реванш го совладаа Широки Бријег со 4-0.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.