Заврши најуспешната ера во Хрватска - Златко Далиќ даде оставка
8 јули 2026
- Легендарниот хрватски селектор Златко Далиќ дал оставка и заминува од репрезентацијата која што ја водеше од 2017-та година. Хрватска го заврши настапот на Светско првнество во 1/16 финале после поразот од Португалија 2-1 во регуларно време.
- Ова беше прво Светско на кое Далиќ ја водеше Хрватска а да се врати без медал. Претходно освојуваше сребро во Русија во 2018-та и бронзен медал во Катар во 2022.
- „Скромно доаѓање. Незабореван пат. Гордо збогување. После скоро девет години селекторот Златко Далиќ реши да ја заврши својата неверојатно успешна кариера на клупата на „ватрените“. Селекторе фала за се - за победите, за успесите, за пласманите, за медалите, за заедништвото, за почитта и решавачката борба за Хрватска на теренот и надвор од него. Резултатите говорат каков тренери, а почитта од играчите, соработниците и противниците за тоа каква личност си“, стои во соопштението на Хрватскиот фудбалски сојуз.