За една буква ќе го преименуваат Депортиво Ла Коруња
13 мај 2026
- Клубот кој добро го познаваме и кој буди убава носталгија од времето со Рој Макај, Џалмиња, Молина, Диего Тристан и другите, официјално се вика Депортиво де Ла Коруња. А градот се вика А Коруња.
- И таа „неправилност“ наскоро би можела да се смени. Само поради една буква. Наизглед само една буква зошто се работи за јазикот, за галициски дијалект. Поради тоа во 1984-та година градот го сменил името од Ла Коруња во А Коруња.
- А името на клубот си остана Депортиво Ла Коруња и сега после бројни панели, емисии, анкети, подкасти и гласања, навивачите, јавноста и луѓето од управата решиле да организираат референдум за сите членови (со членски карти) на кој ќе се предложи новото име на клубот да биде Депортиво да Коруња.
- Нам од страна гледано ни делува како ситница, дали е Депортиво Ла Коруња или Депортиво да Коруња. Но во Галиција им е многу важно.
- На три кола пред крајот во шпанската втора лига Сегунда, Депортиво Ла Коруња е втор на табела, со 71 бод колку што има и третопласираната Алмерија. Некогашниот сензационален шампион на Шпанија се бори за директен влез во Ла Лига.