- Без оглед на одлуката на ЕХФ, РК Алкалоид за нас е победник на Европскиот куп, а диџејот што пушташе музика во салата „Борис Трајковски“ направи само еден пропуст, требаше да го затвори сетот со „We are the champions“, испраќајќи порака што мислат македонските граѓани за лакрдијата на која сведочеа.
- Се работи за класично сценарио како АЕК да го добие мечот или на зелена маса или, пак, да издејствува играње на некој неутрален терен како што го направи тоа со белградски Партизан, па таму ќе донесе илјадници свои навивачи, ќе лобира да добие и поволни судии, можеби и да се поништи позитивата на Алкалоид од плус четири, не се знае никогаш со Грците…
- Да нема никој дилеми, навивачите на АЕК се исклучително опасна групација, која секаде каде што оди низ Европа прави проблеми и инциденти, така што на секое гостување на грчкиот тим, во кој било спорт, се преземаат посебни безбедносни мерки од страна на домаќините, а сцените со тепачки низ европските градови, демолирање кафулиња и напади врз граѓани од страна на грчките хулигани се доста чести.
- Иако неизлегувањето на терен по сите нормални правила се казнува со службен резултат, сега ЕХФ си дозволи насилна грчка навивачка хорда да диктира дали ќе се играат европски натпревари или не, мотивирајќи го дополнително навивачкото насилство врз спортот, пишува Сашо Таневски.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.