- Легендарниот тренер на КК Партизан, Душко Вујошевиќ одржал говор на комеморацијата по повод смртта на прославениот кошаркар и тренер Дражен Далипагиќ.
- „Се обраќам пред семејството Далипагиќ и ми припадна голема чест на овој собир на кој се собравме за полесно да ја поднесеме тагата, свесни дека отиде најдобриот од нас. Овој собир излезе од рамките на пораката која ја остави да нема никакви комеморативни собири но неговата величина просто е таква што тој веќе не можеше да влијае“.
- „Беше голем Југословен и по генетика но пред сè по определување. Стана Белграѓанец (инаку роден Мостарец) и ми викаше: „Дојдов во главниот град на Југославија“. Јас и денес кога ќе ја слушнам химната на Југославија се сеќавам на таа генерација како стои на победнички подиум. И денес станувам кога ќе ја слушнам, а ќе биде засвирана и денес на испраќањето на Праја (Дражен Далипагиќ). Многу ја сакаше Југославија, ја сметаше за аксиом, нешто што не се објаснува“, рече Вујошевиќ.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.