Вооружен напад на банди на стадион во Мексико - 11 убиени
26 јануари 2026
- Најмалку 11 лица биле убиени а 12 повредени во неделата откако избила вооружена престрелка на фудбалски терен во централен Мексико, во државата Гванахуато. Нападот се случил во местото Лома де Флорес во градот Саламанка на фудбалски стадион.
- Сведоци раскажале дека вооружените напаѓачи излегле од две комбиња и веднаш започнале да пукаат кон играчите и гледачите на стадионот за аматерски фудбал.
- Мексико е еден од домаќините на Светско првенство во фудбал 2026. Мундијалот во оваа земја ќе се игра во Мексико Сити, Гвадалахара и Монтереј. На стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити ќе се одржат пет натпревари од Светското меѓу кои и оној на отворањето, а на другите два стадиони ќе има по четири натпревари.
- На овие стадиони ќе се одржат и два натпревари од меѓуконтиненталниот бараж закажан за март годинава.