- Долгогодишен фудбалски работник Драган Томовски информираше дека до ФИФА, до канцеларијата на ИФАБ, како и до директорот за иновации при УЕФА, Звонимир Бобан, доставил патент кој нуди решение за „крадењето време“ кое произлегува од симулирање фаули.
- Идејата на Томовски е поддржана од Дарко Панчев, Саша Ќириќ, Ѓоко Хаџиевски и Атанас Костовски. Кобра планира да му ја пренесе и лично на Бобан.
- „Навистина ми се допаѓа идејата околу проблематиката за „крадењето“ време. Со ова решение всушност времето украдено од поединци во регуларниот дел низ судиското продолжение би се дуплирало, и на тој начин би се дестимулирале екипите, тренерите и играчите за симулации и калкулации“, вели Панчев за ЕКИПА.мк
- „Разговаравме и за евентуалните груби стартови кои понекогаш се намерни. Идејата беше кога играч ќе биде повреден од груб старт, ако се заклучи дека е намерен, играчот кој го направил стартот да биде суспендиран колку што би паузирал повредениот играч. Можеби изгледа на екстремно решение, но би дозволил секој играч понатаму да размисува на каков начин би влегувал во одредени стартови, затоа што со самото тоа тој самиот би се казнил“.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.