Во Турција пак уапсени познати фудбалери осомничени за местење
9 декември 2025
- По опсежните акции пред неколку недели кога стотина функционери, фудбалери, тренери, коментатори и судии беа уапсени и приведувани под сомнение дека биле дел од голем верижен ланец за местење натпревари, турската полиција повторно апсела фудбалери.
- Турскиот суд сега во притвор ставил 20 осомничени фудбалери меѓу кои има и фудбалери од најдобрата тамошна Суперлига.
- Уапсен е фудбалерот на Галатасарај Турчинот Метехан Балтачи и играчот на Фенербахче, Турчинот Мерт Хакан Јандаш, како и поранешниот претседател на Адана Демирспор Мурат Санчак. Балтачи пред судот рекол дека тој уплатил пари на неколку натпревари кога играл за младинците и дека не го сторил тоа кога го прекомандувале во прв тим на Галатасарај.
- Јандас пак од Фенербахче категорично одбил каква било вмешаност во обложување, пишува турски Сабах.