- Фудбалскиот клуб Шкупи од скопски Чаир потврди дека нивниот член, фудбалерот Андреј Лазаров (25) е меѓу жртвите во стравичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во ноќта меѓу сабота и недела.
- Од клубот соопштија дека иако претходно имале инфомрации од неговото семејство дека е во стабилна состојба, со длабока болка и огромна тага ја споделуваат веста дека фудбалерот Андреј Лазаров е потврден како една од жртвите на трагичниот пожар.
- Дваесет и пет годишниот Кочанчанец сезонава играше за Шкупи а во кариерата настапуваше за хрватските клубови Горица и Рудеж, а во Македонија уште и за Тиквеш, Работнички и Металург.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.