- Гостилница кај Џек предводена од еден од најдобрите футсал репрезентативци и долгогодишен капитен на Македонија, Зоран Левески - Зоте, е освојувач на 19-то издание на меморијалниот турнир Сокол.
- Победата ја освоија со 5:4 на пенали против Хоризонт Фокс откако мечот во регуларниот дел и продолженијата заврши без голови.
- Победниците заработија 280.000 денари, а поразената екипа двојно помалку. И во двете екипи играа по неколку поранешни и сегашни прволигашки фудбалери и футсалци.
- За најдобар млад играч е прогласен Бојан Јанев од екипата Баламов Компани, за најдобар голман Петар Митев од екипата на Хоризонт Фокс, а најдобар фудбалер на Сокол за 2023 година е Виктор Димков од екипата на Гостилница Кај џек.
- Од полуфиналните средби и финалето имаше видеострим на Јутјуб, преносите се вршеа со неколку камери, но и со дрон, кој спектакуларно ја прикажуваше атмосферата. Финалето беше директно пренесувано и на МТВ.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.