- ФИФА објави дека главниот оперативен директор Кевин Ламур ја напуштил организацијата, неколку недели откако го критикуваше планот на Џани Инфантино да продаде удел од комерцијалните права за Светското првенство и другите турнири.
- Ламур стана дел од раководството на ФИФА во ноември 2024 година, откако претходно беше дел од внатрешниот круг што водеше кампања за изборот на Инфантино за претседател во 2016 година.
- Но, тој го критикуваше предлогот на неговиот близок соработник минатиот месец, велејќи дека луѓето во ФИФА бил „измамени“ околу планот и опишувајќи го како „проект на едно лице“.
- Оставка во знак на протест против предлогот претходно поднесе и високиот советник на Инфантино, Карлос Кордеиро, нарекувајќи го „лош договор за фудбалот“.
- Инфантино истиот ден го повлече предлогот, но последиците уште траат.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.