Владо Илиевски влегува во МКФ
21 јануари 2026
- Поранешниот македонски репрезентативец се враќа во македонската кошарка, овој пат како координатор на сите национални селекции.
- Преговорите за негов ангажман почнале во октомври, а финализирани се сега, пред месецот во кој престојат нови натпревари во претквалификациите за ЕП 2029.
- „Неговото огромно меѓународно искуство, длабокото познавање на репрезентативниот систем и авторитет што го ужива во кошаркарските кругови ќе бидат ставени во функција на унапредување на работата на сите сениорски и младински селекции, подобра координација меѓу нив, како и дефинирање на стратешки насоки за нивен долгорочен развој“, стои во дел од соопштението на Македонската кошаркарска федерација.