Вечерва започнува драмата во Евролига - ќе врие на Фајнал Фор во Атина
22 мај 2026
- Завршниот турнир во Евролига се игра викендов во „ОАКА“ Арената, домот на Панатинаикос кој нема да игра за пехарот.
- Од 22 до 24 мај за трофејот ќе се борат Олимпијакос - Фенербахче (петок од 17:00) и Валенсија - Реал Мадрид (петок 20:00).
- Во прекрасната сала која е реновирана по најсовремени стандарди а сега се вика „Телеком Арена“ најбројни ќе бидат домашните навивачи на грчки Олимпијакос кои се очекува да ја наполнат салата. Ќе има и бројни турски навивачи на Фенербахче а се очекува помалку симпатизери во Атина да имаат шпанските Валенсија и Реал Мадрид.
- Финалето е во недела вечер, а претходно ќе се одигра и дуелот за трето место на Фајнал Фор од Евролига.