Ваучер за спортот или спорт за ваучер?
15 февруари 2022
- Последната распределба на ваучерите за 2022 година со кој според Агенцијата за млади и спорт „се поддржани 885 спортски субјекти и индивидуални спортисти“ односно „се реализирани 575 милиони денари“ (приближно околу 9,5 милиони евра), предизвика бура реакции во јавноста во повеќе спортови.
- Иако ракометот, генерално како спорт, доби најмногу од ваучер-колачот, сепак, има сериозни реакции и забелешки за распределбата, критериумите и за транспарентноста.
-
Дали РФМ која патем е и најуспешна македонска спортска федерација со најголем ваучер од АСМ од 15.800.000 денари, ја исполнила и законската обврска да ја објави предлог листата на Комисијата на која „се вреднуваат, верифицираат и рангираат спортски клубови и активни спортисти кои ги исполнуваат критериумите за користење на средствата од даночното ослободување“?