Вардар вечерва ја крунисува титулата или Пелистер доаѓа да го расипе славјето?
7 мај 2026
- Вечерва од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ пред своите навивачи, РК Вардар 1961 го пречекува големиот ривал Еурофарм Пелистер во дуел од ракометната Суперлига.
- Црвено-црните може да ја заверат титулата и со бод, со нерешен резултат против зелено-белите, а на тој начин ќе го осигураат шампионскиот пехар.
- Но вардарци во ова дерби влегуваат целосно исцрпени од реваншот против француски Монпеље во понеделникот (завчера) вечер кога бркаа огромна негатива од -10 гола и победија со 5 гола разлика.
- Пелистерци имаа дополнителен одмор и во Скопје доаѓаат освежени и одморени со цел да спречат Вардар пред нив да слави титула со навивачите.
- Минатата сезона на Вардарци исто им требаше само бод за титула, но на домашен терен изгубија на најболен можен начин од Пелистер во последните секунди од мечот и ја изгубија титулата.