- Ракометниот клуб Вардар 1961 слави голем јубилеј - 65 години од неговото постоење. Во чест на роденденот, управата на „црвено-црните“ реши да претстави ново официјално лого кое симболично ја отсликува историјата и славното минато на големиот Вардар, и до крајот на јубилејната сезона ќе ги краси дресовите на двократниот европски шампион.
- Во таа насока, клубот ги поканува сите навивачи на дерби натпреварот против Алкалоид, кој ќе се одигра во недела во ракометниот храм „Јане Сандански“ со почеток во 18:30 часот. Продажбата на билети се врши онлајн како и на билетарницата пред салата.
- Ждрепката за плејоф натпреварите за пласман на Светското првенство во САД, ќе се одржи на 20 ноември во Цирих, со почеток во 13 часот, соопшти ФИФА.
- 16 репрезентации поделени во четири секции ќе играат во европскиот плејоф. 12 второпласирани од квалификациските групи плус 4 победници од групите во Лига на нации.
- Ќе се играат четири турнири во периодот 23-31 март, со полуфинале и финале, а само победниците ќе одат на СП.
- Македонија е блиску до место во баражот преку Ј групата. Ако на 18 ноември загуби од Велс на гости, тогаш во плејоф ќе оди преку Лига на нации.
- Македонската фудбалска репрезентација на 18 ноември има директен дуел против Велс на гости за пласман на втората позиција која носи во баражот за СП 2026.
- Велшаните претходно играат со Лихтенштајн и со 6 бода би биле втори во група. Милевски нема да може да смета на Џани Алиоски, а Белами на Арон Ремзи.
- „Очекуваме да го победиме Лихтенштајн и нема да се срамам да го кажам тоа. Со Македонија ќе биде поинаков натпревар, но чувствувам дека имаа среќа што не загубија досега“, вели селекторот на Велс.