- Фудбалерите на најтрофејниот македонски клуб Вардар славеа 0-2 (0-1) на гостувањето кај големиот ривал Шкупи (некогашна Слога Југомагнат) во дербито од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига.
- Со овој триумф до кој стигнаа со головите на Рожерс Мато и Мислав Матиќ, црвено-црните ја продолжија серијата без порази на дури 14 меча по ред. Вардар сега е на 6-то место а Шкупи е зад нив на седмо место со четири бода помалку. Во следното коло Вардар дома ќе игра против Струга Трим Лум.
- По долги нагаѓања и шпекулации, Евролига конечно пресече и стави крај на сите гласини. Следната сезона најдобрата европска кошаркарска лига ќе има 20 учесници наместо досегашните 18. Меѓу нив и Партизан и Црвена звезда кои ќе добијат тригодишна сигурна лиценца за учество за која ќе треба да платат по 750.000 евра по сезона, односно вкупно 2.250.000 евра.
- И натаму се чека официјална потврда од челниците а на неодамнешниот состанок во Абу Даби е решено ист договор да добијат уште и Виртус Болоња, Париз и Валенсија, а на една година да добие израелски Хапоел Тел Авив. Монако извесно ќе добие евро-лиценца на 10 години.
- Од следната сезона учесник ќе биде и дебитантот Дубаи кој сезонава игра и во јадранската АБА лига.
- Со шест шампионски скудета (пет со Јувентус и едно со Милан), со пет Купа на Италија и со три Суперкупа на Италија, Масимилијано Алегри е еден од најтрофејните италијански стручњаци.
- Алегри го водеше Милан од 2010 до 2014 година и им го донесе долго чеканото скудето. После замина во Јувентус каде во два мандати помина 8 сезони.
- Росонерите имаа сезона за заборав со очајни резултати и не се пласираа во ниту еден еврокуп за следната сезона. Тоа е една од најслабите години за Милан чии навивачи влегоа во војна со управата и бараат да си одат и сопственикот Гери Кардинале како и извршниот директор Златан Ибрахимовиќ. Навивачите бараат нови сопственици и целосно нова управа и спортски сектор. Алегри од ваков просечен тим тешко да направи нешто.