УЕФА го одби барањето на ПАОК да го одложи натпреварот поради 7 загинати нивни навивачи
28 јануари 2026
- Европската фудбалска Унија (УЕФА) го одбила барањето на солунски ПАОК да го помести нивниот натпревар од Лига Европа против Лион закажан за четврток вечер. ПАОК побарал од УЕФА поради стравичната сообраќајна несреќа во која загинаа 7 навивачи на грчкиот клуб, натпреварот да се одложи за друг термин.
- Првиот човек на солунскиот клуб Иван Савидис ја опишал загубата како неопислива трагедија, а Лион потврдил дека пред натпреварот ќе одржи минута молк за загинатите навивачи на ПАОК.