- Деветнаесет годишниот Алкис Камбанос од градот Верија е нова жртва на навивачките безумија во соседна Грција. Тој бил убиен со тврд, остар предмет (најверојатно срп) во вторникот после полниќ во квартот Харилау близу стадионот на фудбалскиот клуб Арис во Солун.
- Алкис бил со двајца другари кога бил нападнат од хулигани кои излегле од две возила. Камбанос бил неколку пати прободен со нож во пределот на бутниот мускул и искрварил на лице место а неговите другари биле префрлени на интензивна нега во болницата Папаниколау.
- Според извештаите од грчките медиуми, напаѓачите биле припадници на некоја од навивачките подгрупи на ПАОК од Солун а жртвите биле следбеници на градскиот ривал Арис.
- Полицијата во Солун смета дека најмалку 10 лица се вмешани во нападот и убиството, а премиерот Кирјакос Мицотакис изразил длабока жалост за изгубениот млад живот и побарал итна истрага за случајот. Жртвата бил прва година на Економија и Политички науки на универзитетот Аристотел во Солун.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.