- Еден од најдобрите македонски интернационалци низ годиниве, Иван Тричковски својата кариера ќе ја продолжи на Кипар каде игра веќе повеќе од 9 години.
- Некогашниот македонски репрезентативец има богата кариера а многу е почитуван на Кипар каде претходно со АПОЕЛ играше и во Лига на шампиони, а за АЕК Ларнака каде беше капитен, на 278 натпревари постигна 178 голови со 29 асистенции.
- На Иван летово му заврши договорот со АЕК Ларнака а тој денес потпиша договор со АЕЛ Лимасол кој исто е при самиот врв на кипарскиот фудбал и игра во еврокуповите речиси секоја сезона.
- За репрезентацијата на Македонија Тричковски забележа 67 настапи и постигна девет гола. Од националниот дрес се прости со настап на големото Европско првенство во 2021-ва година.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.