- 50% од 10-те најплатени спортисти во светот се од фудбалот, покажуваат податоците на Форбс. И покрај тоа што се при крај со кариерата, Роналдо и Меси и натаму доминираат. Првиот со 800, а вториот со 650 милиони долари.
- Пред нив има само двајца, далеку побогати играчи на кои парите не им се заработени од фудбал.
- Првиот е Фаик Болкиах, роден во кралското семејство на Брунеи и внук на султанот Хасанал Болкија. Неговото кралско наследство и огромно семејно богатство контролирано од султанот е главно од големите резерви на нафта и гас и надминува 20 милијарди долари.
- Втор е Матје Фламини кој се прослави во Арсенал и Милан и кој во 2008-ма година, додека сè уште беше активен фудбалер, заедно со италијанскиот претприемач Пасквале Граната, го коосноваа GF Biochemicals.
- Се работи за компанија специјализирана за производство на левулинска киселина, која е био-базирана алтернатива на нафтата и може да се користи за создавање различни производи традиционално направени од фосилни горива, како што се пластика и детергенти.
- Компанијата сега се проценува на околу 30 милијарди, а личното богатство на Фламини е околу 15 милијарди евра.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.