- За сега не се познати официјалните причини за неговото повлекување, но најверојатно тиквата пукнала на Европското на кое како капитен на тимот, Пикси не го стави во прв тим против Англија и Данска.
- „Се виде после мечот Србија - Данска дека Тадиќ е стишен, но дека му е на врв на јазик сè да каже пред камерите. Но го има гризнато јазикот и остана недокажан, на ивица на солзи“, пишува Телеграф.
- Чашката веројатно е прелеана кога српскиот селектор меѓу редови го пецна во интервју после ЕП.
- „Мене уште еден детал ми остави впечаток после вчерашниот натпревар, а тоа излегувањето од игра на Кејн и Мората. Два капитени, двајца лидери во своите репрезентации кои немаа никаква реакција која би го нарушила духот во екипата. Одат на клупа и даваат поддршка. Тоа се работи од кои сите мораме да учиме. Нема суети, сите се во служба на колективот и заедничката цел се победите“, рече Пикси.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.