Тажни слики на Градски за Вардар во Лига на шампиони
8 јули 2026
- Вардарци го загубија првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против фински КуПС со 0:2.
- „Само 3.512 гледачи се собраа на најголемиот стадион во Македонија, што е навистина разочарувачка бројка за европски натпревар од ова значење. Особено кога знаете каква историја има Вардар и колку многу значеше овој клуб за генерации навивачи. Во минатото, името Вардар беше синоним за полни трибини, одлична атмосфера и голема поддршка од сите страни, додека денес сликата изгледа сосема поинаква“, пишува босанскиот спортски портал „Спортспорт“ и дополнува:
- „Проблемот со малата посетеност беше дискутиран и во деновите пред натпреварот. Бројни навивачи, како и луѓе блиски до клубот, предупредија дека со години е вложено премалку труд за поврзување со публиката. Вардар има богата традиција и големо име, но тоа веќе не е доволно за да привлече илјадници луѓе на стадионот. Модерниот фудбал одамна е повеќе од само 90 минути игра. Клубовите денес инвестираат огромни ресурси во маркетинг, промоција, социјални мрежи, фан зони, продажба на клупски реквизити и разни содржини што им нудат на навивачите целосно искуство пред, за време и по натпреварот“.