- Американскиот клуб Интер Мајами очигледно е решен да стигне до првата шампионска титула во МЛС лигата. Во екипата неодамна дојде еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси. Скоро треба да му се приклучат најверојатно уште и Серхио Бускетц, Жорди Алба и Анхел ди Марија.
- Според пишувањето на шпански АС, челниците на клубот веќе стапиле во контакт и се договориле со аргентинскиот тренер Херардо Тата Мартино кој ќе ја води екипата. Тој неодамна го водел клубот Атланта во МЛС.
- Мартино едно време беше тренер на Барселона и Меси но и самиот искрено призна дека не направил ништо. „Дојдов во победничка екипа која победуваше секаде, а со мене не освоија ништо“. Каталонците под негово водство стигнаа само до пехарот од шпанскиот Супер Куп во август 2013-та а ја изгубија титулата во Ла Лига од Атлетико Мадрид.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.