- Она што Телеграф го тврдеше, по само еден ден доби потврда. 35 годишниот капитен на Србија, Душан Тадиќ се повлекува од репрезентација после 111 натпревари, 29 гола, 40 асистенции, како и учество на два Мундијали, ЕП и Олимписки игри.
- „Нагласувам дека немав намера да ги навредувам моите соиграчи или некој друг кој беше дел од тимот на Србија во Германија.
- Донесов одлука да се збогувам со дресот на српската репрезентација. Дали би можел да бидам корисен и во иднина, нека суди професијата, јавноста или кој се чувствува поканет да разговара за тоа и мисли дека е дел од фудбалската средина.
- Репрезентацијата отсекогаш била љубов за мене. Љубов кон земјата, народот, играта, натпреварување, дружење... Заедно поминавме многу радост, тага, насмевки, крв, среќа, а имаше многу болка и страдање. Ниту еден клупски неуспех не може да боли како репрезентативен, но и ниту еден клупски успех не може да донесе радост како успехот во дресот на Србија. Со големо задоволство се борев и го одбранив грбот на репрезентацијата“, стои во дел од неговото соопштение.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.