- Од 9-ти до 15-ти јуни Скопје ќе биде собирно место на едни од најдобрите пинг-понг мајстори од светот. Во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одржи турнирот WTT Contender Skopje 2025 од серијата WTT 2025.
- Ќе има преку 100 учесници во поединечни категории, мажи и жени, во двојки и во мешани двојки.
- Меѓу учесниците ќе бидат и некои од најголемите ѕвезди на светскиот пинг-понг како Романката Андреа Драгоман, Словенецот Дарко Јоргиќ, Бенедикт Дуда до Германија, Јапонците Сора Мацушима и Јукија УДА, Французинот Тибо Поре и Корејците Џунсунг и ЛИМ Јонгхон.
- Наградниот фонд изнесува 100.000 долари.
- Учесниците во квалификациите и главниот ждреб видете ги тука.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.