- Спортклуб денес напладне пишува дека трофејниот Светислав Пешиќ (75) решил да го напушти селекторското столче на српската репрезентација, на помалку од еден месец по сјајниот настап на кошаркарите на Србија на Олимписките Игри во Париз каде освоија бронзен медал.
- Договорот на легендарниот тренер кој веќе е во позни години, со српскиот сојуз важел до крајот на циклусот квалификации за Европско првенство кои продолжуваат во ноември годинава.
- Пешиќ претходно ја водеше селекцијата на Југославија со која од 2000 до 2002 освои злато и шампионски титули на Европско и Светсо првенство. Во понеделникот се навршија 22 години од последната шампионска титула која што ја освоила репрезентацијата на Југославија - онаа во Индијанаполис (САД).
- Промени има и на чело на Кошаркарскиот сојуз на Србија затоа што Предраг Даниловиќ пред неколку дена поднесе оставка и наскоро се очекува да биде избран негов наследник.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.